Фото: принтскрин од „iQair“

Лисиче и Струмица се гушат, но и фаворизираната страница на Арсовска покажува загаден воздух во Скопје

Енормно е загаден воздухот вечерва во Лисиче и Струмица. Според алатката за квалитет на воздухот на Министерството за живтона средина, измерени се 435 mg/m3, односно 401 mg/m3 што значи седум пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).

На страницата „iQair“, Скопје се искачи на шесто место, додека Сараево е најзагаден град во светот.

Градоначалничката Данела Арсовска денеска ги оспори податоците од „IQair“ како невистинити . Упати на следење на светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот.

Но, и таму, скопскиот воздух не е пријатен за дишење.

Соред овие податоци, состојбата во Струмица е најалармантна, но и бројките во скопските населби се далеку над дозволените граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот