ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стевчо Јакимовски: Проблемот кај Мицкоски си е што тој сам на себе си е опозиција

Стевчо Јакимовски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Како партија, отворени сме за соработка со сите партии освен со еден човек – со Христијан Мицкоски, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во емисијата „Слободен печат“.

Тој смета дека акцентот треба да се стави на економскиот развој на земјата и дека во јавниот дискурс треба да доминираат излезни решенија, кои ќе овозможат подобар квалитет на живот на граѓаните, подобар стандард, со што ќе се спречи иселувањето на младите.

Во однос на тоа дали ГРОМ е партија што е поблиска кон опозицијата или кон власта или е опозиција на опозицијата, синтагма што често ја користи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Стевчо Јакимовски вели:

– Проблемот кај Мицкоски е што тој е опозиција сам на себе, тука е главниот проблем. Не сме ние проблем. Јас си имам партија, тој си има партија. Како тоа опозиција на опозицијата? Мене во Карпош не ме блокира СДСМ. Ме блокира ВМРО-ДПМНЕ и неговите другари – вели Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ во емисијата се осврна и на евентуалните соработки пред изборите со останатите политички субјекти во земјава.

– И во исто време гледаш дека на главната политичка сцена во Републикава се зборуваат небулози, дека нема никаков концепт. Во Карпош да не се донесе буџет, во градот сè да се блокира за да биде што полошо, во претпријатието Градски сообраќај да не земат плати, во енергетскиот сектор сите не чинат – вели Јакимовски.

Повеќе од интервјуто со Стевче Јакимовски погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот