ФОТО + ВИДЕО | Се запали автомобил марка „Цитроен ц3“ кај Железничка станица во Аеродром

Опожарено возило марка Цитроен Ц3/ ФОТО -Жана.П.Божиновска

Возило марка „Цитроен Ц3“ во движење предмалку се запали на раскрсницата пред Железничка станица во скопски Аеродром, поточно пред зградата на поранешен „Неоком“.

Фото: Слободен печат – Жана П. Божиновска

Како што велат нашите читатели во возилото имало две лица кои успеале навремено да излезат од автомобилот неповредени.

Очевидци за „Слободен печат“ велат дека граѓаните кои биле затекнати на местото се обиделе да помогнат и да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, но повикале и противпожарна екипа.

Автомобилот се запалил во движење / Фото: Слободен печат –  Жана П. Божиновска

На лице место за релативно кратко време веднаш пристигнале противпожарните служби каде во моментов се уште го гаснат опожареното возило.

Фото: Слободен печат – Жана П. Божиновска
Фото: Слободен печат – Жана П. Божиновска
Фото: Слободен печат – Жана П. Божиновска
Фото: Слободен печат – Жана П. Божиновска
Фото: Слободен печат – Жана П. Божиновска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот