Архива на СП

Загреб: Препораката на Србија до граѓаните да не патуваат во Хрватска е поттикната од внатрешнополитички мотиви

Одлуката на Србија да им препорача на своите граѓани да не патуваат во Хрватска на почетокот на август е поттикната од „внатрешни политички мотиви“ на Белград, соопшти денеска хрватското Министерството за надворешни и европски работи, пренесува Н1 телевизија.

Во понеделник вечерта, Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните „да се воздржат од патување во Република Хрватска од 1 до 10 август 2025 година“.

Доколку се најдат во Хрватска во тој период, Министерството препорачува да „избегнуваат собири и други јавни собири што носат ризик од инцидентни ситуации“.

Подетални причини за таа препорака на Министерството во Белград не беа наведени, но тие можат да се поврзат со настаните што ќе ја одбележат годишнината од воено-полициската операција „Олуја“ во Хрватска во тој период.

Хрватското министерство денес реагираше со соопштение во кое нагласува дека „секоја земја има право да им издава препораки на своите граѓани во врска со патувањето во странство, во согласност со сопствените проценки“.

Притоа, според мислењето на хрватското министерство, „се добива впечаток дека ваквите препораки се првенствено водени од внатрешни политички мотиви, а не од проценки засновани на објективни критериуми или реални безбедносни индикатори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот