Хрватскиот министер за надворешни работи: Ако сакаат во ЕУ, земјите од Западен Балкан мора да воведат санкции кон Русија

Земјите од Западен Балкан, доколку сакаат да станат членки на Европската унија, мора да бидат усогласени со политиките на ЕУ, што поздразбира и воведување санкции против Русија, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

„Ако земјите од Западен Балкан одлучија да бидат дел од Европската унија, треба стриктно да ја следат и да бидат усогласени со политиките на ЕУ. Невозможно е да се седи на две столчиња. Сите земји треба да ја осудат руската агресија, да воведат санкции, да покажат солидарност кон Украина и да промовираат регионална стабилност и добрососедски односи“, рече Грлиќ Радман на панелот „Западен Балкан: Нов евроатлантски замав“ во рамки на Форумот во Дубровник.

Тој посочи дека „националниот интерес на Хрватска е безбедно и стабилно соседство“ и повтори дека Хрватска може да им помогне на земјите од Западен Балкан со „знаење, експертиза и искуство“ на патот кон Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот