Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Хрватски тренер го наследи Де Роси на клупата на Рома

Екипата на Рома брзо назначи нов тренер откако утрово Даниеле Де Роси доби отказ.

Нов стратег на римската „волчица“ е Хрватот Иван Јуриќ кој потпиша договор со Рома до летото 2025 година.

Во договорот на Јуриќ има и клазула според која би бил продолжен на дополнителна година ако тимот избори пласман во Лигата на шампионите.

Де Роси доби отказ по лошите резултати од почетокот на сезоната, Рома во првите четири кола освои само три бода (три реми и еден пораз) и се уште чека на својата прва победа во сезоната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот