Хрватски доброволци веќе пристигнаа во Украина, воените ветерани одбраа да му помогнат на Зеленски

Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски, испрати покана преку социјалните мрежи до луѓето ширум светот да дојдат и да се борат рамо до рамо со Украинците против руската инвазија, меѓу првите доброволци се одѕваа Хрватите, јавуваат хрватските медиуми.  Формирана е посебна единица на борци за сите странци вклучени во војната.

Еден од хрватските доброволци од првата група, кој веќе замина на бојното поле, контактираше со хрватски РТЛ.

„Други хрватски војници се веќе во Украина, ова е важна забелешка. Вчера првиот транспорт на војници отиде во Украина, денес доаѓаат уште два тима – едниот од Сплит, другиот од Задар, третиот дури од Осиек“, рече тој.

Поранешниот водач на БББ (Bad Blud Boys – навивачи на ФК Динамо – Загреб), Денис Шелер, кој шест години се бореше во баталјонот Азов во Украина, организира собирање средства во улицата Звонимирова бр. 23 во Загреб. Тој во изјава за Вечерњи лист ги повика сите кои сакаат да се борат во Украина да се обратат во украинската амбасада.

“Ги поканувам господата ветерани и војници со воено искуство да се приклучат на корпусот! Сите оние кои досега контактирале со амбасадата ќе бидат контактирани во текот на денот и ќе ги добијат сите потребни информации. Ќе бидам на чело на група која е подготвена за војна, а останатите ги молам да купуваат и донираат секаква можно опрема што може да ја дадат, од униформи, панцири, кациги па до прва помош“, рече Шелер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот