Фото: Архива

Хрватската војска во акција против африканската чума, 12.000 свињи ќе бидат убиени

Професорот Ивица Кисиќ од Земјоделскиот факултет во Загреб предупреди дека цената на свинското месо ќе расте, а доколку африканската свинска чума стигне до репродуктивните центри, тоа ќе доведе до катастрофални економски последици.

Откако опасниот вирус на африканска свинска чума (АСК) беше потврден и на големи фарми во Славонија, Хрватска, во наредните денови ќе бидат евтаназирани речиси 12.000 свињи во Соколовец и во Неметин, а се воведуваат и нови безбедносни протоколи, објави хрватски „Индекс“.

Фармите со повеќе од 1.000 свињи во две славонски жупании, кои држат две третини од вкупниот свињарски фонд во Хрватска, ќе бидат под постојан надзор на полицијата и обезбедувањето, а во борбата против болеста ќе се вклучи и војската.

„Не е крива ни Хрватска ни Брисел“

Професорот Ивица Кисиќ од Земјоделскиот факултет во Загреб истакна дека ситуацијата е алармантна, објави ХРТ.

— Овде не можеме да ја обвиниме ниту климатската промена, ниту Загреб, ниту Брисел, ниту кој било друг. Некој погрешил во биосигурносните мерки, во протоколот што требало да го спроведува некој од вработените на фармата и тоа е изворот на проблемот. Ако досега сме евтаназирале 50.000 свињи, ќе паднеме на 30–35 отсто самодоволност — рече Кисиќ.

Тој нагласи дека не треба да се прозива ниту министерот, ниту премиерот, туку дека секој мора да почне од себе и да ја сфати сериозноста на ситуацијата.

— Мораме да се придржуваме до протоколите за да се спречи натамошно ширење на африканската свинска чума — подвлече тој.

Кисиќ порача дека некој свесно или несвесно го внел вирусот во кругот на двете големи фарми, нагласувајќи дека истовремено постојат проблеми и со салмонела на фармите за живина.

„Цените на свинското месо ќе растат“

Професорот Кисиќ посочи дека свинското месо ќе поскапи.

— Мораме да станеме сериозни и да почнеме да контролираме сѐ. Цената на свинското месо сигурно ќе расте, тоа е чист закон на понуда и на побарувачка —рече Кисиќ.

Доколку болеста влезе во репродуктивните центри, според него, веројатно би биле потребни десетина години за да се обнови свињарскиот фонд во Хрватска. Финансиската штета, рече, тешко може да се процени.

— Тоа е граница што не смееме да ја преминеме, не сакам ни да помислам дека ќе дојде до тоа. Крајно време е армијата да се организира и да помогне во оваа алармантна ситуација — предупреди Кисиќ.

Во Хрватска африканската свинска чума надвор од контрола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот