Колаж на СП/ ЕПА

Хрватска невладина идентификуваше 2.353 жртви од војната за време и по „Олуја“

Хрватската невладина организација „Документа“ објави дека идентификувала 2.353 жртви за време и по хрватската воено-полициска операција „Бура“ од 1995 година, од кои повеќето се Срби и цивили, пренесува Н1 телевизија.

На презентацијата на прелиминарните резултати од истражувањето за човечките загуби поврзани со настаните за време и по операцијата „Бура“, координаторот на истражувањето Никола Мокровиќ изјави дека за периодот од 25 јули 1995 година до 14 јануари 2001 година се евидентирани 2.654 лица, од кои 2.353 се идентификувани како потврдени и делумно потврдени жртви на војната.

Регистрирани се и 126 лица за кои не можело да се утврди дека биле жртви на војната, по што следат 113 лица кои се означени како непотврдени жртви, како и 62 лица кои имале живеалиште или биле државјани на тогашна СР Југославија или Босна и Херцеговина, а кои веќе се регистрирани од страна на Белградскиот фонд за хуманитарно право или се наоѓаат во босанската книга на мртвите, изјави Мокровиќ на прес-конференцијата.

Тој изјави дека меѓу жртвите, најмногу имало лица од српска националност – 1.747, по што следуваат Хрвати – 466. Жртвите биле цивили 1.170, војници 918, а загинале и 228 лица со мешан статус и 22 полицајци.

Меѓу жртвите од српска националност има 1.055 цивили и 472 војници, а меѓу Хрватите 371 војници и 60 цивили.

Според видот на страдање, најмногу луѓе биле убиени – 1.073, 383 исчезнале, а 346 загинале во битка. Најмногу жртви биле на возраст меѓу 36 и 64 години – 995, по што следуваат оние над 65 години – 763, лица од 13 до 35 години – 562 и седум деца под 12 години.

Истражувачката Веселинка Кастратовиќ, која ги следеше судењата за воени злосторства, изјави дека „сите овие години немало нови обвиненија или отворени нови истраги, иако злосторствата сигурно се случиле“.

Директорката на организацијата Документа – Центар за справување со минатото, Весна Тершелич, изјави дека постојат сосема спротивни слики за страдањето за време и по операцијата „Бура“, со која Загреб воспостави контрола врз целата територија на Хрватска.

„Во Хрватска, особено меѓу оние на кои „Бура“ им овозможи да се вратат во своите домови во претходно окупираните области, „Бура“ се слави како победа. Од другата страна на војната, тоа е поврзано со егзодусот, со убивањето цивили, со необјаснетите судбини на исчезнатите“, рече Тершелич.

Таа изјави дека некои факти биле утврдени од судовите, додека други не биле евидентирани ниту во пресудите на Меѓународниот кривичен суд ниту во пресудите на хрватските судови, оценувајќи дека очекувањата на семејствата на жртвите „не биле исполнети“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот