пиперки
Црвени пиперки - ајварки/Фото: Unsplash

Хрватска ќе уништи осум тони пиперки-ајварки од Албанија, имале многу пестициди

Блокирани се осум тони црвени лути пиперки, произведени во Албанија и извезени во Хрватска, поради тоа што содржеле превисоки концентрации на престициди штетни по здравјето на луѓето, јавија хрватските медиуми. Блокираното количество зеленчук ќе биде уништено во Хрватска, наведува телевизијата.

Ова не е првпат зеленчук и овошје произведени во Албанија да бидат блокирани во Хрватска, поради присуство на забранети пестициди. На почетокот на минатиот месец Хрватска уништи четири тони домати, произведени на земјоделски површини во Берат, откако било утврдено дека биле испрскани со хлорфенапир, со петпати поголемо количество од дозволеното од овој отров против инсекти.

Претходно, Хрватска и Босна и Херцеговија уништија над 10 тони праски произведени во областа Дивјак во Албанија, бидејќи во ова овошје е пронајдено високо присуство на тешкиот метал никел. Поради истата причина, од границата повеќе тони праски вратиле и словенечките власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот