Хрватско знаме / Фото: МИА

Хрватска им нуди до 80.000 евра на Хрватите кои би се вратиле во БиХ

Хрватска преку Програмата за помош за враќање на Хрвати во Босна и Херцеговина за 2025 година, нуди до 80.000 евра финансиска поддршка за проекти што го поддржуваат нивното враќање и престојот таму, пренесува Н1 телевизија. Вицепремиерот и министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ, објави јавен повик за аплицирање од правни лица во Босна и Херцеговина кои спроведуваат вакви проекти.

Апликациите можат да ги поднесат регистрирани правни лица во Босна и Херцеговина кои работат на проекти насочени кон враќање, реинтеграција и престој на Хрвати во локалните заедници, со акцент на подобрување на квалитетот на живот и долгорочна одржливост. Програмата се спроведува преку неколку мерки. Првата е финансиска помош на здруженија и правни лица кои го поттикнуваат одржливото враќање на населението и создаваат подобри услови за живот и предуслови за престој.

Исто така, се охрабруваат економски активности и развој на центри за повратници, кои обезбедуваат помош и поддршка преку своите програми. Покрај тоа, планирана е реконструкција и изградба на комунална и социјална инфраструктура. Програмата вклучува и поддршка за институции за лица со посебни потреби и активности за социјално ранливи групи, како што се жртви на насилство и самохрани родители, како и подобрување на здравствената заштита.

Покрај сето тоа, се охрабрува креирањето програми насочени кон поттикнување на враќањето, сензибилизирање на јавноста за тешкотиите на повратниците и истакнување на успешните приказни на повратниците како мотивација. Вкупниот износ на финансиска поддршка по поединечен проект не смее да надмине 80.000 евра, а рокот за поднесување на апликациите е 4 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот