М-НАВ Контрола на летање/Фото: МИА

Хрватска бара контролори на летање, плата до 7.000 евра

Хрватската контрола на летање објави оглас за 48 нови контролори на летање, нудејќи една од најплатените работни места во земјата. Од вкупниот број, 40 позиции се наменети за работа во Велика Горица во близина на Загреб, додека преостанатите осум ќе работат во Задар, Сплит и Дубровник. Кандидатите мора да исполнуваат неколку услови: завршено средно образование, помлади од 28 години во моментот на аплицирање, активно познавање на хрватски и англиски јазик, државјанство на Хрватска или некоја друга членка на Европската Унија и задоволителна медицинска способност.

Посебен акцент се става на здравствената категорија три, што подразбира отсуство на какви било абнормалности што би можеле да влијаат на безбедното извршување на работата. За избраните кандидати, работодавачот ќе ги сноси трошоците за лекарскиот преглед.
Процесот на селекција се состои од неколку рунди тестирање, вклучувајќи тест за интелигенција, прашалник за личност, тест за познавање на англиски јазик и тестот FEAST, кој симулира работни ситуации. Исто така, кандидатите ќе учествуваат во тимски вежби и интервју.

Оние што ќе бидат примени ќе поминат обука во Велика Горица- пишува Каматица. По успешното добивање на дозволата, работниот однос се претвора од договор на определено време во договор на неопределено време. Според порталот MojPosao, ова е шестата најплатена позиција во Хрватска, со просечна плата од 2.974 евра, додека горниот опсег достигнува дури 7.044 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот