Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Хрватот Немања Бјелица доби отказ од Унион Берлин

Хрватскиот тренер Немања Бјелица кој викендов со својот Унион Берлин беше поразен од Бохум со 3:4 доби отказ по натпреварот.

До вчерашниот натпревар претседателот на клубот, Дирк Зинглер зборуваше дека лошата ситуација во Унион не е поврзана со тренерот и дека Бјелица ги освоил потребните бодови, сепак ситуацијата поради нешто се променила.

Бјелица заминува во момент кога тимот е на 15. место и на две кола пред крајот има 30 бодови, еден повеќе од Мајнц кој е зад нив на местото кое обезбедува опстанок во германската елита.

Според најавите данскиот тренер Бо Свенсон би можел да биде наследникот на Бјелица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот