Хрватско знаме / Фото: МИА

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ денеска соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека бојкотот ќе продолжи и следната недела, овој пат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги.

Од платформата велат дека потрошувачите изразиле незадоволство од поскапувањето на услугите на банките и телекомуникациските оператори и најавија дека на 20 февруари пред Хрватската народна банка во Загреб ќе биде организирана акција „Пет минути предупредување“, при што потрошувачите ќе можат да го изразат своето незадоволство од сето она што се случува на пазарот.

„Ги покануваме да дојдат со брошури и каталози за промоции и попусти, да дојдат пред гувернерот и неговите соработници кои не поканија да купуваме на промоции. Во ред, па ќе покажеме како изгледа кога живеете од промоција до промоција“, рече Јосип Келемен, советник на платформата за потрошувачи „Ало, инспекторе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот