Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Хрватите се потсетуваат: Зошто Струга е важен град за хрватскиот фудбал?

Хрватски „Вечерни лист“ после пласманот на репрезентацијата во четвртфиналето на Светското првенство каде што ќе играат против Бразил потсети колку Струга е важен град за хрватскиот фудбал.

Хрватите потсетуваат дека големата репрезентативна кариера на Ловрен и Перишиќ започнала токму во Струга.

„Пред повеќе од 17 години на 16. Септември 2005 година двајцата фудбалери кои станаа едни од заштитните знаци на хрватската репрезентација за првпат беа заедно во репрезентацијата. Селекторот на репрезентацијата до 17 години, Станислав Вугринец за првпат ги зема во селекцијата до 17 години која ја совлада Македонија со 2:0“, пишува „Вечерни лист“.

На тој натпревар головите за Хрватска ги постигнаа Милан Бадељ и Томсилав Хавојиќ. Ловрен одигра цел натпревар, додека Перишиќ во игра влезе во 57. минута.

Ловрен и Перишиќ заедно со Вида се единствените преостанати од генерацијата родена 1989 година. Од која меѓу сребрените во Хрватска беа уште Пивариќ и Бадељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот