германија маркет храна
Илустратива фотографија / EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Храната станува скапа и за Германците, инфлацијата руши рекорди во земјата

Годишната стапка на инфлација во Германија во мај се зголеми за 7,9 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави Федералниот завод за статистика Дестатис.

Иако бројката беше во согласност со пазарната проценка, потрошувачките цени во април пораснаа за 7,4 отсто на годишно ниво. На месечна основа, потрошувачките цени во мај пораснаа за 0,9 отсто во однос на претходниот месец.

Станува збор за најголем годишен пораст на потрошувачките цени од 1974 година.

„Стапката на инфлација го достигна највисокото ниво од обединувањето на Германија трет месец по ред“, се вели во изјавата на Георг Тиел, претседателот на Дестатис.

Како што наведе Тиел, главна причина за високата инфлација и натаму е растот на енергенсите, но и поскапувањето на многу други стоки, особено на храната.

Цените на енергијата во мај се зголемени за 38,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави Федералниот завод за статистика на Германија.

Додека цената на мазутот се зголеми за 94,8 отсто на годишно ниво во мај, цените на природниот гас се зголемија за 55,2 отсто, а цените на моторните горива за 41 отсто, објави Дестатис.

ИНФОГРАФИК | Вртоглав раст на цените на јагленот, пченицата и гасот на пазарот за суровини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот