Маркети/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Храната поскапела повеќе во мај, откако престанаа да важат владините мерки

Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година се зголемени за 3,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %.

Зголемувањето на трошоците за живот од април до мај 2025 е кај храната и безалкохолни пијалаци од 4,1 проценти. Зголемувањето кај другите ставки е многу помало: Разновидни стоки и услуги за 1,5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 %, Облека и обувки за 0,5%, Рекреација и култура за 0,4%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, Здравје за 0,1%.

Има и намалување на трошоците на животот, а најмногу е забележано кај транспортот – од 3,6 отсто, соопшти ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот