Фото: Pexels

Хотел без покрив и ѕидови – неверојатен сместувачки капацитет на Алпите

Наместо телевизор, посетителите уживаат во панорамата на алпските врвови и ноќното небо полно со ѕвезди. Замислете луксузен хотел каде што нема ѕидови, нема покрив и нема граници меѓу вас и природата. Токму тоа го нуди хотелот Нул Штерн, необичен концепт сместен високо во Швајцарските Алпи, кој ги поместува границите на традиционалното гостопримство и обезбедува искуство за паметење.

Нул Штерн, што на германски значи „нулта ѕвезда“, всушност е соба на отворено: се состои од двоен кревет на дрвена платформа, две ноќни масички и соларни ламби. И ништо повеќе. Тоа е поентата – тука „единствената ѕвезда е гостинот“, како што велат неговите основачи.

Идејата е создадена како уметнички експеримент од браќата Франк и Патрик Риклин, во соработка со хотелиерот Даниел Шарбоно. Нивната цел не беше луксуз во класична смисла, туку враќање кон основите: тишината на планините, прекрасен поглед и ноќ под отворено небо, без дигитални одвлекувања на вниманието и физички бариери.

Иако минималистички, овој „хотел“ не е без услуга. Гостите добиваат батлер кој им носи пијалаци и појадок директно во кревет. Наместо телевизор, посетителите уживаат во панорамата на алпските врвови и ноќното небо полно со ѕвезди.

Целта на концептот, како што велат авторите, е да се поттикне размислувањето за луксуз, конзумеризам и поврзаност со природата. Нул Стерн веќе го привлече вниманието на светските медиуми, беше прогласен за „најнеобичен хотел во светот“, а интересот на патниците не се намалува, иако сместувањето зависи од временските услови и работи само во топлите месеци.

Во ерата на хиперпродукција и вишок содржина, можеби ова е вистинскиот луксуз: тишина, свеж воздух и бескрајно небо над глава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот