Хосни во последната секунда го спаси Пелистер од пораз од Алкалоид

Десниот бек на Пелистер, Усама Хосни со гол во последната секунда ги спаси зелено-белите од пораз во Автокоманда, во дуелот со Алкалоид (33-33).

Од првата минута па се до последната минута, избраниците на Кире Лазаров беа тие кои го диктираа темпото на игра. Уште по 5 минути игра, Алкалоид се одлепи на +2 а набргу и на +3 (7-4), а резултатот на полувремето гласеше 15-14 за тимот од Автокоманда.

Во второто полувреме, тимот на Кире Лазаров со агресивна одбрана и одлични интервенции на Галевски стигна до највисоки +4 (19-15), но Пелистер брзо се врати во игра преку Манасков и Хосни. Натпреварот продолжи во резултатски егал, пелистерци беа тие кои го бркаа резултатот и не им дозволија на младите полетни ракометари на Алкалоид резултатски да се одлепат.

Во финишот на натпреварот, при резултат 32-30, Алкалоид имаше напад за плус 3, но Митревски му фати удар на Серафимов. Словенецот Тајник погоди во мрежата на Галевски за минус еден 32-31. Лазаров побара тајмаут на 15 секунди до крај, даде инструкции како да се одигра последниот напад но сепак неговите играчи згрешија и му оставија на Пелистер неколку секунди, кои на крајот се испоставија за доволни. Гарабаја повика тајмаут, и својата доверба му ја довери на Усама Хосни кој со гол во последната секунда донесе радост на битолчани.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот