Грмежливо време/Фото:EPA

Хорор во Србија: Гром удри во фудбалски терен во Лозница – 11 играчи повредени

Драматични сцени се случија во Србија, поточно во Лозница, кога гром удри за време на фудбалски натпревар во неделата. Полесно се повредени 11 играчи, јавува Нова.рс.

Како што јавува медиумот, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клубац и Цера од Петковица.

Според неофицијални информации, десет играчи од домашната екипа се полесно повредени, а еден играч од Цера е тешко повреден, кој е подложен на реанимација. Тој моментално е под надзор на лекари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот