Повредено момче во училиште во Сурчин/Фото: Screenshot

Хорор во белградско училиште: Ученик (12) испосечен со брич од постар другар

Страотен инцидент се случил во дворот на основното училиште „22. Октомври“ во Сурчин, во вторникот околу 12 часот за време на големиот одмор. 12-годишно момче е полесно повредено откако една година постар другар по избодел со нож во ногата и го расекол, објави српски Курир.

Повреденото дете е префрлено со итна помош во Институтот за мајка и дете, каде му е сошиена раната од 1,5 сантиметри и е пуштен на домашно лекување. Момчето сега оди само на преврски, а родителите се загрижени бидејќи бричот со кој е избоден бил рѓосан и се плашат од компликации.

Веднаш по инцидентот кој, според таткото на повреденото момче се случил неочекувано и без причина, момчето кое го нападнало неговиот син побегнал внатре во училиштето, а неофицијално, во еден од тоалетите е пронајден брич, но не знае дали со него е повредено момчето.

Таткото и синот се повикани во полициска станица, каде дале изјави за инцидентот кој ја шокираше српската јавност со оглед на тоа што постои и снимка од раскрвавеното момче, направена веднаш по инцидентот, која ја објавија српските медиуми,

За случајот училиштето ги извести сите надлежни органи, полицијата, Центарот за социјални работи, Министерството за образование и е покрената дисциплинска постапка против ученикот кој го повредил својот другар, а се работи и на истрага како и зошто напаѓачот носел нож во училиште. Според директорката на училиштето во Сурчин, напаѓачот му се извинил на повреденото момче, а надлежните испитуваат дали постоела намера кај него да го повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!