Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Хорхе Меси: Клаузулата од 700 милиони евра повеќе не постои!

Таткото на Лионел во неговото писмо вели дека шпанската „Ла Лига“ направила грешка и не се знае кој договор е анализиран.

Уште од утринските часови се најавува дека Лионел Меси ќе се огласи во текот на денот и ќе објави дека останува во Барселона уште една година.

Доаѓаат нови информации, станува збор за писмо потпишано од таткото на фудбалерот на Барселона, Хорхе Орасио Меси, упатено до управниот одбор на Ла Лига.

Во истото е демантиран ставот на „Ла Лига“ дека важи откупната клаузула од 700.000.000 милиони евра за слободата на играчот, односно таа автоматски исчезнала на крајот на претходната сезона, кога „десетката“ на Барса побара да си оди.

Таткото на Меси, всушност, го испрати ова писмо на 30 август, веднаш откако „Ла Лига“ изјави дека Лионел не може да ја напушти Барселона како слободен играч.

Не знаеме кој договор е анализиран и врз којa основа се тврди дека содржи „клаузула за раскин“, која се активира во случај играчот да одлучи да ја искористи опцијата еднострано да го раскине договорот на крајот на сезоната 2019/20.

Ова е очигледна грешка на „Ла Лига“ Клаузула 8.2.3.6 од договорот потпишан од играчот и клубот буквално вели: „оваа компензација нема да се примени доколку договорот е еднострано раскинат на крајот на сезоната 2019/20.

Во тој случај, јасно е дека клаузулата од 700 милиони евра повеќе не важи – стои во писмото напишано од таткото Хорхе Меси.

„Барсагејт“ или мал притисок поради Меси: Бартомеу обвинет за корупција!

Сето тоа беше напишано и потпишано уште пред средбата меѓу таткото на Меси и претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу. И натаму се чека, како што е најавено, Лионел да се огласи и јавно објави дали ќе остане во клубот до крајот на следната сезона, како што најавуваат бројни медиуми или ќе инсистира на заминување.

Цела Шпанија, а особено Каталонија е на нозе околу конечната одлука на аргентинската фудбалска ѕвезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!