Оливер Стоун и Путин во јули 2019 година кога ги снимаше во Кремљ интервјуата со рускиот претседател/Фото: EPA-EFE/ALEXEY DRUZHINYN /SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Холивудскиот режисер открива: Целта на САД е да го соборат Путин и да пристапат до руските ресурси

„САД се како куче доберман – животно убиец со многу пари“, изјави прославениот холивудски режисер

Контролата над Украина отсекогаш била дел од американските планови, изјави американскиот филмски режисер Оливер Стоун во интервју за шпанските новинари, пренесува ТАСС.

Според режисерот, „Украина е дел од американскиот план, тоа отсекогаш било“. Според него, Вашингтон го испровоцира актуелниот конфликт меѓу Русија и Украина. САД извршија „пуч во Украина во 2014 година за да ја вратат прозападната влада“, рече режисерот.

– Украина дотогаш беше неутрална и важно е да се запамети тоа. Одеднаш Русија стана непријател, рече Оливер Стоун.

Според Стоун, целта на американското раководство е да го собори рускиот претседател Владимир Путин и да пристапи до руските ресурси „по одредена цена“.

Режисерот ги нарече САД „доберман, методично животно – убиец со многу пари“. Во исто време, Владимир Путин е, според Оливер Стоун, „разумна, мирна, внимателна личност“.

– Ние создаваме непријатели за да одржиме работите. На државата и треба стратегија на тензија бидејќи тензијата го движи светот, а производителите на оружје се среќни затоа што продаваат оружје на овие земји – резимира режисерот кој пред неколку години сними докуметарен серијал со Путин во Кремљ каде рускиот претседател одговараше на низа провокативни прашања на славниот холивудски режисер и оскаровец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот