
Холивудскиот пар ја шокираше јавноста со хигиенските навики: Мила Кунис и Ештон Кучер открија зошто не ги капат децата
Ештон Кучер и Мила Кунис ги шокираа обожавателите кога признаа дека не ги капат редовно своите деца, како и дека не користат сапун. Некои би рекле дека во 21 век, особено кога сте холивудска ѕвезда, не треба да се поставува прашањето за чистотата и хигиената, меѓутоа, очигледно е дека не мислат сите така.
Препорачано
Во случајот со познатата двојка – Мила Кунис и Ештон Кучер, поранешниот сопруг на Деми Мур, очигледно е дека важи следново правило – само кога ќе се види дека сте валкани, тогаш се користи сапун и вода. Всушност, само вода. Сапун, само по потреба.

Имено, актерската двојка неодамна се појави во новата епизода од подкастот „Експерт од фотелја“ кој го водат колегите Декс Шепард и Моника Педман, а она што тие го споделија со нив ги остави без зборови нивните обожаватели.
Откако Падман рече дека секојдневната употреба на сапун прави кожата да ги губи природните масла, Ештон и Мила истакнаа дека се согласуваат со таквиот став и дека во нивната куќа секојдневно се мие само она што е потребно.

„Немав топла вода додека растев, па сигурно не се туширав постојано“, изјави Мила Кунис, додавајќи дека нивните деца Вајат (6) и Димитри (4) не се деца кои редовно се капат. „Не бев родител кој постојано го капе своето новороденче, никогаш“, додала актерката.
Ештон се надоврза на тоа и додаде:
„Ако видам нечистотија на нив, ќе ги избањам. Во спротивно, нема смисла. Дали знаете што е заштеда на вода и средства за хигиена?!“.

Парот исто така истакнал дека избегнуваат употреба на сапун и дека најчесто користат природни алтернативи.
Обожавателите очекувано беа во целосен шок, иако имаше и такви кои се согласуваа со начинот на живот на популарната двојка.