Холандско знаме/Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL / POOL

Холанѓаните најскапо ја изнајмуваат својата земја, најевтина е Словачка

Не сите земјоделци ја поседуваат земјата што ја обработуваат и многумина се одлучуваат да ја изнајмат, а во земјите на ЕУ годишните цени за закуп на еден хектар земјоделско земјиште значително варираат од земја до регион. Изнајмувањето на еден хектар обработливо земјиште или постојан тревник во 2021 година се движеше од 62 евра во Словачка до 836 евра во просек во Холандија.

Меѓу регионите на ЕУ, изнајмувањето на еден хектар земјоделско земјиште било најскапо во 2021 година во холандскиот регион Флеволанд – 1.721 евро по хектар, потоа на Канарските острови во Шпанија, каде што чинело 1.119 евра и Атика во Грција, 927 евра по хектар.

Од друга страна, цените за изнајмување беа најниски во шведските региони Мелерста Норланд и Овре Норланд, каде што цената и во двата беше 25 евра по хектар, а потоа следува Виходне Словенско во Словачка (42 евра).

Меѓу земјите на ЕУ кои пријавија специфични цени за изнајмување на обработливо земјиште и тревници, изнајмувањето тревници секогаш беше поевтино од изнајмувањето обработливо земјиште.

Закупнината за еден хектар тревна површина во 2021 година се движеше од ниско ниво од 39 евра во просек во Словачка до просечни 337 евра во Ирска, во споредба со закупнините за обработливо земјиште кои варираат помеѓу 79 и 466 евра во истите две земји, анализира Данас.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот