Илустрација - Фото: Принтксрин/Јутјуб

Холандска аукциска куќа продава метеорит стар 4,6 милијарди години: Се очекува да достигне цена од 1 милион долари

Џиновски метеорит стар 4,6 милијарди години ќе биде понуден на продажба на 30 август во Хесинк, една од водечките аукциски куќи во Холандија, објави денес Ен-ел Тајмс“ (NL Times).

Хесинк очекува метеоритот да се продаде до еден милион евра, што би ја обезбедило иднината на јавната опсерваторија Меркур (Sterrenwacht Mercurius) во Дордрехт, која го продава.

Метеоритот, познат како Гибеон, е именуван по истоименото село во Намибија, каде што е откриен.

„Никогаш порано не сме наишле на нешто вакво. Тоа го прави многу посебен“, рече Ерик Блокланд од опсерваторијата Меркур.

Со тежина од 240 килограми, примерокот, кој е составен првенствено од легура на никел-железо, е најголемиот метеорит од чисто железо некогаш понуден на аукција. Метеоритот е зачуван во својата природна форма и има скулптурална површина со регмаглипти – вдлабнатини слични на отпечатоци од палци формирани за време на повторното влегување во атмосферата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот