Фото илустрација/Пекселс/carloscruz-artegrafia

Хирурзите алармираат: Што поскоро да се реши проблемот со операционите сали

Итно мора да се најде решение за хируршките сали, тоа што сме во период на промена на влади можно е да влијае, алармираат хирурзи.

Иако од средата е почнато со помали интервенции кои траат пократко и засега не е забележан никаков проблем сепак, мора да се најде трајно а не вакво привремено решение.

Хирургот уролог Башким Шабани во врска со проблемот со компримираниот воздух и кислородот што ги затвори хируршките сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека листата на чекање за операции ќе се зголемува.

-По три недели се враќаме во некаква нормала, од средата почнавме со неколку хируршки интервенции, ќе видиме како ќе биде понатаму.На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти. Јас како хирург имам три-четири зафати, цела Урологија конкретно има околу 40 зафати неделно… Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран и најголемиот дел од хируршките интервенции се прават во Скопје, истакна Шабани.

Додаде дека во моментот не може да се направи план како да се решава листата на чекање, бидејќи за техничкиот проблем со работа на салите е најдено „некое привремено решение“.

-Како ќе биде не знаеме. Се наоѓаме во време на промена на влади, можеби и тоа малку влијае, меѓутоа мислам дека треба да се постапи за што побрзо решавање на тој проблем, рече хирургот уролог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот