Хибридните закани и дезинформациите не смеат да се потценат во Македонија

Хибридните закани добија на динамика во светот во екот на војната во Украина но и за време на беснеењето на пандемијата од вирусот Ковид, овие хибридни закани барат хибриден отпор, а државите од регионот заедно со меѓународните организации како ЕУ и НАТО не мируваат во своите дејствија за борба против оваа повеќекратна опасност.

Во ерата на дигитализација, дезинформациите се брзо шират, предизвикувајќи значителна штета и ја подкопувајќи довербата во институциите, со потенцијално сериозни последици. Тие претставуваат сериозен проблем со кој новинарите секојдневно се соочуваат во својата работа. Социјалните мрежи и големиот број портали (пред сè нерегистрирани) се сметаат за најголемите генератори на лажни, неточни информации и вести.

Манипулација, пропаганда, лажна информација, извртена вест и дезинформација се различни термини за закани кои го целат манипулирањето на јавноста. Овие зборови се често користат кога станува збор за нешто што има за цел да се изврши манипулација на јавноста. Има многу различни толкувања за дезинформацијата, како што има и различни објаснувања за тоа која е одговорна за нејзиното ширење.

Во своја анализа Институтот за комуникациски студии (ИКС) насловена како „Улогата на институционалната транспарентност во справувањето со дезинформациите и шпекулациите во Северна Македонија“, се констатира дека Медиумската писменост е клучна алатка во борбата против дезинформациите.

– Граѓаните што се медиумски писмени се повеќе свесни за постоењето на дезинформации, можат активно да учествуваат во процесот на следење вести и подобро знаат и умеат да ги препознаваат дезинформациите и да се справат со нив – се вели во документот.

Анализата спроведена во државата заклучила дека немало испитаник што ги препознал сите знаци на лажна вест во една или во повеќето интернет-вести. Истражуваето заклучило и дека како ранливи групи се идентификувани младите лица на возраст меѓу 18 и 28 години, возрасните лица над 60 години и лицата од социјално ранлива категорија (приматели на некаков вид социјална помош).

Во истражувањето е наведено и дека над 85 отсто и од студентите и од пензионерите следат интернет-вести, што укажува дека следењето вести и можноста да дојдат во допир со дезинформации преку дигиталните медиуми се големи кај двете возрасни групи.
Во воената доктрина, терминот „хибридни закани“ подразбира широк спектар на мерки, алатки и техники, во кои се вклучени дезинформации, сајбер напади, манипулација со меѓународното право, шпионажа, саботажа, политичка субверзија, економски притисок. Хибридните напади користат манипулации, со цел да извршат одредено влијание. Целта на хибридните напади е да влијаат врз јавноста или процесите, кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки. Во таа насока, главниот фокус на хибридните напади можат да бидат лидери, јавни личности, медиуми, религиозни групи или граѓански организации. Креаторите на хибридните напади настојуваат да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите значајни за одлучувањето.

Терминот “хибридни закани” или “хибридни операции” во современите системи вклучуваат тероризам, корупција, организиран криминал, миграции и компјутерски криминал. Според безбедносните експерти, земјите од Западен Балкан се на подрачјето каде што интересите на различни сили се преклопуваат, што може да биде спротивно или паралелно на нашите интереси. Затоа, државите треба да го задржат својот информациски, дигитален и финансиски суверинитет за да ја спречат појавата на дезинформации кои се шират низ странство и на домашен терен.

Најчестите напади се преку информациските системи, кои, според безбедносните експерти, се покажаа дека имаат потенцијал да се особено ранливи. Терминот “хибридни закани” или “хибридни операции” во современите системи вклучуваат тероризам, корупција, организиран криминал, миграции и компјутерски криминал. Според безбедносните експерти, земјите од Западен Балкан се на подрачјето каде што интересите на различни сили се преклопуваат, што може да биде спротивно или паралелно на нашите интереси. Затоа, државите треба да го задржат својот информациски, дигитален и финансиски суверинитет за да ја спречат појавата на дезинформации кои се шират низ странство и на домашен терен. Најчестите напади се преку информациските системи, кои, според безбедносните стручњаци, се покажаа дека имаат потенцијал да се особено ранливи.

Професорот Михал Вит за „Слободен печат“ објаснува дека на сите им е добро познато дека Македонија подолг период е плодно тло за хибридно делување на оние кои не и мислат добро на државата. Тој објаснува дека истражувањата на бројни институции слично како на актуелното покажале дека дезинформациите се само еден мал дел од палетата која ја користат хакерите во своето делување а хакерските напади се дел од хибридната војна, која вклучува и критичната инфраструктура и базите на податоци.

Универзитетски професор Михал Вит од Чешка/ФОТО Архива

– Тие се користат како дел од стратегијата за континуирана специјална војна со цел да се пласираат дезинформации кои ќе имаат за цел да го размрдаат безбедносно општеството. Токму затоа хибридните закани чии составен дел се и дезинформациите не смеат да се потценат во Македонија – вели тој.

Каква е врската помеѓу хибридните закани и дезинформациите?

Во една своја изјава на оваа тема генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се потруди за време на отворањето да појасни колку е тешка борбата против хибридните закани – иако постојат од времето на „Тројанскиот коњ“: „Тие се спој од воени и не-воени агресии, една мешавина од отворени и тајно изведени операции.“ Без разлика дали притоа се работи за пропаганда или целно презентирана дезинформација, спроведена од војници во униформа или од компјутерски програми.
Според Столтенберг, она што се променило во последниве години се обемот и брзината на ваквите напади. Затоа е многу важна оваа заедничка иницијатива на НАТО и ЕУ. Институцијата постојано ќе ги анализира сите видови на вакви напади кои се случуваат во Европа и САД и ќе развие стратегија како најдобро да се справи со нив.

unsplash

Северна Македонија на дното според медиумска писменост


Северна Македонија со 23 бода (од можни 100) е на претпоследното, 40. место, во рангирањето на новиот
Индекс за медиумска писменост за 2022 година. Во рангирањето што го подготвува Институтот отворено општество – Софија во рамките на Иницијативата за европски политики, вкупно е набљудувана 41 земја. Последното, 41-во место, го зазема Грузија, а пред Северна Македонија, на 39. место, е рангирано Косово (но со ист број бодови како РСМ), Босна и Херцеговина (24 бода) е на 38. место, Албанија (25 бода) на 37. место, Црна Гора (32 бода) на 35. место и Србија (35 бода) на 32. место. Од земјите-членки на ЕУ најлошо е рангирана Бугарија, и се наоѓа на 33. место, веднаш зад Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот