Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Херојот на Русија од ЕП 2008 и миленикот на „петлите“: Се пензионираше славниот Роман Павличенко

Eден од милениците на навивачите на Тотенхем, 40-годишниот Роман Павличенко објави дека заминува во фудбалска пензија.

Рускиот напаѓач најмногу ќе остане запаметен по неверојатната 2008 година кога тогаш во тандем со Андреј Аршавин ја предводеа Русија до бронзата на Европското првенство. Во полуфиналето беа запрени од Шпанија која подоцна стигна до трофејот.

После успешниот настап на Европското првенство за Павличенко следуваше трансфер во Тотенхем. Во редовите на „петлите“ пристигна како замена за Димитар Бербатов кој истото лето се пресели во Манчестер Јунајтед. Спартак од неговиот трансфер заработи 18 милиони евра.

Во Тотенхем помина три ипол години и одигра 113 натпревари, постигна 42 гола. За репрезентацијата на Русија на 51 натпревар беше стрелец на 21 гол. После Тотенхем се врати во Русија каде што играше уште за Локомотива, Краснодар, Урал, а се пензионира како играч на Знамја Ногинска од третата руска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот