
Хашкиот трибунал тврди дека Ратко Младиќ добива нега на високо ниво
Гати Сантана, претседателката на Меѓународниот суд во Хаг пред Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк изјави дека Ратко Младиќ, командант на поранешната армија на Република Српска, добива медицинска нега „на високо ниво“ во притворот каде што отслужува доживотна казна затвор за геноцид во Сребреница и воени злосторства против Бошњаците и Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.
Препорачано
Поднесувајќи го својот редовен извештај за работата на Трибуналот, Сантана ги информираше земјите-членки на Советот за безбедност дека одбраната на Младиќ неодамна побарала тој да биде ослободен од хуманитарни причини поради неговата терминална болест.
„Свесна сум за важноста што Советот ја придава на обезбедувањето притворените лица под јурисдикција на Механизмот да добијат грижа во согласност со меѓународните стандарди. Уверена сум дека овие стандарди се целосно исполнети и дека Младиќ добива мултидисциплинарна грижа на високо ниво. Покрај тоа, тој е внимателно и често следен од лекари специјалисти“, рече претседателка на Хашкиот трибунал.
Одбраната на 83-годишниот Младиќ неодамна побара од Сантана да го ослободи предвреме, повикувајќи се на наодите на лекарите во Хаг дека тој повеќе не може да се излекува и дека неговиот живот е при крај.
Генералот Ратко Младиќ е во многу тешка здравствена состојба
Хашкиот трибунал го осуди Младиќ на доживотен затвор, прогласувајќи го за виновен за геноцид во Сребреница, прогон на Бошњаците и Хрватите низ Босна и Херцеговина, тероризирање на населението во Сараево со гранатирање и снајперски оган и земање припадници на меѓународните сили како заложници помеѓу 1992 и 1995 година.
Младиќ е во притвор во Хаг од мај 2011 година, кога беше уапсен во Лазарево во близина на Зрењанин и однесен во Холандија.