EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Харадинај: Блерим Река да даде оставка за предложениот компромис со Србија

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека министерот за европски интеграции, Блерим Река треба сам да даде оставка, пред да му биде побарано да го стори тоа.

Харадинај, напиша дека министерот предложил компромис со Србија за отварање на патот со кој Србија ќе може да влезе во Албанија.

-Веќе предлогот за укинување на таксите од владата на Курти без финален договор за меѓусебно признавање ги создава првите последици. Министерот за европска интеграција, Блерим Река, предложил компромис со Србија, која би му овозможил на Србија транзитен коридор кон Јадранот или враќање на Косово во Србија и отворање на патот Србија да влезе и во Албанија. Овој министер треба веднаш да даде оставка пред да биде побарано од него да го стори тоа. Овие изјави и однесувања на Владата за измама, еднаш со укинувањето на таксите и сега со понудата за пристап до Јадранот, произведуваат последици од политичко потчинување и капитулација-, напишал Харадинај.

Оставка од Блерим Река побара и партијата на Фатмир Лимај, Социјалдемократската иницијатива (Нисма).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот