Тренерот на ФК Барселона, Ханси Флик/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ханси Флик прогласен за најдобар тренер во Ла Лига

Тренерот на фудбалскиот клуб Барселона, Ханси Флик, беше избран за најдобар меѓу своите колеги во текот на сезоната 2024/25 во Ла Лига.

За наградата беа номинирани и Ернесто Валверде (Атлетик Билбао), Мишел Санчез (Жирона), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид), Хозе Бордалас (Хетафе), Мануел Пелегрини (Бетис) и Маноло Гонзалес (Еспањол).

Минатата сезона, Барселона стана шампион на Ла Лига откако освои 88 бодови, четири повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Флик ги предводеше Каталонците и до пехарите во Копа дел Реј и Суперкупот на Шпанија, како и до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот