Хамас во Газа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Хамас: Нападот врз лидерите во Катар не ги менува нашите услови за крај на војната во Газа

Палестинската милитантна група Хамас денес изјави дека израелскиот напад насочен кон нејзините лидери во Доха во вторник нема да ги промени условите на групата за прекин на војната во Газа.

Фаузи Бархум, функционер на Хамас, во телевизиско обраќање рече дека нападот бил насочен кон нивната преговарачка делегација додека тие разговарале за предлогот на претседателот на Соединетите Американски Држави Трамп за прекин на огнот, според Ројтерс.

Израелските одбранбени сили и безбедносната служба Шин Бет објавија во вторник, по експлозиите во главниот град на Катар, дека биле извршени воздушни напади врз раководството на палестинската милитантна група Хамас.

Висок израелски функционер изјави за Канал 12 дека американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за израелски напад во Катар, објави „Тајмс оф Израел“.

Сепак, Трамп изјави дека одлуката на Израел да го нападне Катар е донесена исклучиво од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Катар објави дека предупредувањето на САД за израелски напад врз Доха дошло откако експлозиите веќе одекнале во главниот град.

Израелските извештаи велат дека меѓу лидерите на Хамас на состанокот во Доха кои биле цел на Израел биле долгогодишниот лидер на Хамас, Халед Машал, и Халил ел Хаја и Халед Машал, за кои се вели дека се „директно одговорни“ за нападот врз јужен Израел во октомври 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот