Ослободените израелски заложници Охад Бен Ами и 34-годишниот Ор Леви/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Хамас ја повтори својата подготвеност за сеопфатен договор за Појасот Газа

Палестинската милитантна група Хамас денес повтори дека е подготвена да постигне сеопфатен договор за Појасот Газа во кој сите израелски заложници ќе бидат ослободени во замена за ослободување на договорен број палестински затвореници од израелските затвори.

Во соопштението, Хамас нагласи дека сè уште чека одговор од Израел на предлогот за прекин на огнот што палестинската организација го прифати пред две недели.

Се вели дека Хамас е подготвен да склучи сеопфатен договор во кој сите заложници што ги држи ќе бидат ослободени во замена за договорен број палестински затвореници што ги држи Израел.

Хамас, исто така, наведува дека е подготвен да формира „независна национална администрација на технократи“ за управување со Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес го повтори повикот до Хамас да ги ослободи сите заложници и наговести дека израелската војна во Газа ќе заврши ако го сторат тоа.

„Кажете му на Хамас веднаш да ги врати сите 20 заложници, а не двајца, пет или седум и работите брзо ќе се променат. Ќе заврши!“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!