Ерлинг Халанд е вистинска „гол-машина“ за Манчестер сити/фото: EPA-EFE/Raul Caro

Халанд за Реал Мадрид беше дури трета опција

Доколку Ерлинг Халанд не се одлучеше за трансфер во Манчестер сити, сега најверојатно ќе го гледавме во дресот на Баерн.

Норвежанецот од Борусија Дортмунд на „Етихад“ се пресели бидејќи според него англискиот клуб има најдобар проект за иднината.

Ова во документарниот филм „Халанд, голема одлука“ го изјави неговиот татко Алф Инге кој исто така во кариерата настапуваше за „граѓаните“.

– Имаме листа на фаворити и на неа Сити е на првото место како најдобар клуб за Ерлинг. Баерн е втор, а број три е Реал Мадрид. Следат ПСЖ, Ливерпул, Челси и на крајот Барселона – вели Халанд сениор.

Тој откри и дека неговиот син има желба да се испроба во сите најсилни лиги.

– Во секој од нив би можел да остане три, максимум четири години. На пример, тој беше во Германија две и пол години. Сега нека направи уште толку во Англија, па потоа уште во Шпанија, Италија – рече таткото на Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот