
Халанд има ужасна статистика: Кога Манчестер сити игра за трофеј – никаде го нема!
Иако важи за еден од најплатените и најдобрите голгетери во светот, Ерлинг Халанд никогаш не успеал да постигне гол кога Манчестер сити играл во финале.
Препорачано
Норвешкиот напаѓач на Манчестер сити, кој од доаѓањето од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра руши рекорди по бројот на голови, не успеа да се запише во листата стрелци во ниту едно од седумте финалиња кои ги играа „граѓаните“. Не само што не постигна гол, Норвешкиот напаѓач не запиша ниту асистенција и тоа е статистика која изненадува, ако се знае дека досега има 120 погодоци на 140 натпревари, од кои 84 во Премиер лигата.
Најновото разочарување дојде вчера, кога Сити загуби од Кристал палас со 0-1 во финалето на ФА Купот. Халанд ги одигра комплетните 90 минути, но не успеа да го „скрши мразот“ во финалињата.
На шест од седумте финалиња Халанд бил стартер и ги одиграл комплетните 90 минути, а само против Арсенал во Комјунити Шилд минатата година влезе како резерва. Тимот на Пеп Гвардиола успеа да слави на три од тие седум финалиња, додека четири пати беше поразен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
41мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5