Хакирани Твитер профилите на Бил Гејтс, Бајден, Безос, Илон Маск, Ким Кардашијан…

Неколку часа откако започна хакерскиот напад околу 300 луѓе наседнаа на Биткоин измамата и испратиле повеќе од 100.000 долари вредни Биткоини.

Доцна синоќа се хакирани Твитер профилите на бројни познати и влијателни лица во светот. Од нивните профили се пуштани твитови во кои следбенците се повикуваат да уплатат по 1000 долари во биткоини на одредена сметка за познатата личност потоа да го дуплира тој износ, а се во борбата против коронавирусот.

Нападот не траел долго, а од корисничката поддршка на Твитер во текот на ноќта се огласија повеќе пати.

Најпрво јавија дека знаат за нападот и дека истражуваат се и се обидуваат да го поправат.

Потоа додадоа дека корисниците можеби нема да можат да твитаат или да ја сменат лозинката додека тие работат на мрежата. И продолжија и да работат на случајот и да ги известуваат корисниците до каде стигнале.

Пред два часа Твитер поддршката објави најнови податоци. Порачаа дека истрагата се уште трае, и дека имаат некои информации:

„Забележавме она што се вика координиран напад од луѓе кои успешно идентификувале некои од вработените во Твитер кои имаат пристап до интерниот систем и алатките. Знаеме дека така дошле до контрола на бројните верификувани и познати налози и дека твитале од името на тие налози. Истражуваме кои други злоупотреби направиле или до кои информации би можеле да дојдат и за тоа ќе известиме кога ќе имаме сознанија“, порачаа од Твитер.

Тие соопштија и што направиле со налозите на познатите кои се хакирани:

„Ги заклучивме загрозените налози, а пристапот на оригиналните сопственици ќе им се одобри дури кога ќе биде безбедно тоа да се направи. Интерно презедовме значајни чекори за да го ограничиме пристапот до интерните системи и алати додека истагата трае. Повеќе информации ќе дадеме во текот на истрагата“, заклучуваат од Твитер.

Хакирани налозите на Обама, Бајден, Безос, Маск, Ким Кардашијан, Канје…

Твитер профилите на демократскиот кандидат за претседател на САД Џо Бајден, поранешниот американски претседател Барак Обама како и некои најбогати луѓе на светот како Бил Гејтс и Елон Маск се хакирани доцна синоќа.

Хакиран е и профилот на Твитер на милијардерот Џеф Безос, раперот Канје Вест, како и риалити ѕвездата Ким Кардашијан, исто така и на Ворен Бафет и компаниите како Епл, Убер и други.

Во хакираните твитови се повикуваше дека ќе овозможат дуплирање на заработката ако испрат донации во криптовалути во точно определен „криптовалутен паричник“. Неколку часа откако започна хакерскиот напад околу 300 луѓе наседнаа на Биткоин измамата и испратиле повеќе од 100.000 долари вредни Биткоини.

Си Ен Ен пишува дека според досега познатите информации, се работи за најголем безбедносен инцидент во историјат ана Твитер.

Необичниот опсег на тој инцидент сугерира дека хакерите можеби добиле пристап на ниво на системот, а не преку поединечни сметки. Експертите се изненеади од размерот и координацијата на тој напад.

Коосновачот на компанијата за кибер безбедност CrowdStrike Дмитри Алперович рече дека ова е најлош хакерски напад досега на голема платформа за социјални медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!