Хакери пробиле во податоците на 300.000 профили на Нинтендо

Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници.

Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички.

– Длабоко се извинуваме што им предизвикавме проблеми и загриженост на нашите клиенти, соопшти компанијата од Кјото и вети дека ќе ја „зајакне безбедноста … и ќе спречи ова повторно да се случи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот