Хаг го отфрли барањето на Младиќ за ослободување поради здравствената состојба

Хашкиот механизам за меѓународни кривични трибунали го отфрли барањето на Ратко Младиќ за предвремено или привремено ослободување од хуманитарни причини, јавува Н1 телевизија.

Одлуката ја донесе судијката Грасиела Гати Сантана, по консултација со петте судии кои претходно одлучуваа по жалбата на Младиќ на конечната пресуда.

Одбраната на Младиќ тврдеше дека тој страда од терминална болест и дека неговиот животен век е драстично скратен, истакнувајќи дека условите на притвор го отежнуваат обезбедувањето соодветна нега. Сепак, судот утврди дека, иако неговата здравствена состојба е сериозна и бара секојдневна нега, не постои акутна терминална болест што би го оправдала неговото ослободување.

Според медицинските извештаи, Младиќ е во стабилна состојба со повремени подобрувања, а во затворската болница во Хаг има пристап до високо специјализирана нега, вклучително и мултидисциплинарен тим и можност за редовен контакт со неговото семејство.

Судот оцени дека неговиот понатамошен притвор не е нехуман или понижувачки, туку дека ги исполнува високите стандарди за хуман третман на осудените лица.

Како што е наведено, судот ќе продолжи да ја следи неговата здравствена состојба и да обезбеди соодветна нега и услови за одржување контакт со неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот