Пеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Гвардиола задоволен по поразот од Ливерпул: Гледам блескава иднина во Манчестер сити

Фудбалерите на Манчестер сити го претрпеа осмиот пораз од стартот на Премиер лигата 2024/25, по кој сега заостануваат 20 бода зад Ливерпул, но нивниот тренер Пеп Гвардиола не очајува по неуспехот во директната пресметка со лидерот на табелата.

Напротив, шпанскиот стручњак со оптимизам зборува за иднината на својот клуб, неодамна елиминиран од Лигата на шампионите.

– Гледам блескава иднина. Иднината се Де Брујн и Аке, и другите кои ќе ни се придружат во следниот преоден рок, и после тоа. Има многу играчи овде, имаме неколку играчи кои се надвор од терените во моментов и сите се навистина добри – вели Гвардиола.

Освојувачот на највредниот европски трофеј со Сити го пофали својот тим за настапот во натпреварот од 26. премиерлигашко коло.

– Добар натпревар. „Тесно“ во првото полувреме. Првото полувреме беше поотворено, а во вториот дел се бранеа добро, длабоко. Беа постојана закана и тоа не е лесно да се контролира. Игравме многу добро, така што нема за што да жалам. Создадовме шанси во последните 20 минути, имаше опции за шут и додавање, но не направивме колку што можевме.

Првиот гол го примивме по корнер, но се обидовме да играме и знаев како игра нашиот ривал. Во второто полувреме ги имаше 11 во шеснаесетникот. Тоа не е нивниот стил, а тоа значи дека ги принудивме да играат и да се бранат така. Големи комплименти за нив, но и јас сум многу задоволен од тоа како одигравме – се зборовите на Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот