Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Гутереш: Важно е сите членки на ОН навремено да ги плаќаат своите придонеси за водење на мировните мисии
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека напорите на светската организација за одржување на мирот се „исто толку силни колку и посветеноста на земјите-членки кон нив“, а денеска ги повика земјите-членки да го платат својот дел, јавија американските медиуми.
Препорачано
Одделот на ОН за мировни операции моментално води 11 операции во земји, вклучувајќи ги Конго, Централноафриканската Република, Јужен Судан, Либан, Кипар и Косово. Буџетот за девет од овие операции во фискалната година што завршува на 30 јуни е 5,6 милијарди долари, што е намалување од 8,2 проценти во однос на претходната година. Секоја од 193-те земји-членки на ОН е должна да го плати својот дел за одржување на мирот.
-Со буџет што претставува мал дел од глобалните воени трошоци – околу половина процент – мировните активности на ОН остануваат еден од најефикасните и најисплатливи инструменти за градење меѓународен мир и безбедност – рече Гутереш за време на отворањето на дводневната конференција во Берлин и додаде дека одржувањето на мирот е толку силно колку што е силна посветеноста на земјите-членки кон него.
Апсолутно е важно сите земји-членки да ги исполнат своите финансиски обврски со целосно и навремено плаќање на своите придонеси, рече генералниот секретар на ОН.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
13мин
-
18мин
-
32мин
-
48мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5