Фото: Приватна архива

Гурмански деликатес од вештите раце на Бобе Јанкоска: Проја

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: проја.

– Оваа проја е мека, ронлива со убав шмек од перцата на младите кромитчиња. Јас ја подготвив со козјо сирење, а вие можете да ставите сирење по ваш вкус. Ми се допаѓа тоа што секој пат можам да ја подготвувам со различен вкус, понекогаш ја подготвувам со праз и сирење, со три лажици ајвар и сирење, само со сирење, со маслинки и сирење, најважно е на крај кога се додава брашното постепено и да се меша, смесата не треба да биде како тесто за леб, туку течна а густа, за да ви биде мека и ровка и другиот ден. Ја подготвувам со пченкарно брашно, но за да е поронлива, пченкарното брашно го заменувам со палента, бидејќи некои велат дека кога јадат проја како да се „дават“, односно ги засркнуваат трошките, тие треба со палента да ја подготват – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 3 јајца
– 200 мл јогурт/млеко
– 200 мл кисела вода
– 150 мл масло за готвење
– прашок за печиво
– 1 мала лажичка сол
– 15 големи лажици пченкарно брашно/палента
– 15 големи лажици бело брашно
– 200 грама ронки сирење
– перца од 3 млади кромитчиња
– 30 грама мешани семки за наросување одозгора

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се матат јајцата, па им се додава киселата вода, јогуртот и маслото. На оваа смеса се додаваат брашната измешани со прашокот за печиво и солта. Сè заедно се меша со лажица, па се додаваат перцата од кромид исечкани или зајрето по ваша желба и ронките сирење. Смесата се сипува во претходно намастена тепсија, па наросена со презла или, пак, во модли за мафини. Одозгора се наросува со мешаните семки, па се става да се пече 20 минути во загреана рерна на 220 степени Целзиусови.

На здравје!

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!