Концертот ќе се одржи на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Групата „Фолтин“ ќе одржи целовечерен самостоен концерт во Прилеп

Целовечерен самостоен концерт на групата „Фолтин“ ќе се одржи на 6 септември (сабота), на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 21:30 часот.

Оваа и следната година „Фолтин“ ја одбележуваат својата 30-годишнина од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 година во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици – „спонтан есперанто“, како што самите го нарекуваат.

Нивниот препознатлив стил, „псевдо-емигрантско кабаре“, е амалгам од традиционална музика, електроника и рок, збогатен со визуелни елементи од кабаре и перформанс. Со текстовите на македонски јазик, „Фолтин“ отвора ново поглавје, внесувајќи влијанија од алтернативниот рок и новиот бран, но задржувајќи ја врската со традиционалната музика и концептот на кабаре.

Групата има објавено повеќе од десет студиски изданија, а нивната музика е дел од над триесет театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени“, „Со љубов“, „Исцелител“, „Медена земја“ и др.).

Настанот се организира во соработка со ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и е финансиски поддржан во рамките на Програмата за проекти од национален интерес за 2025 година на Министерството за култура и туризам на Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 297, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-8.9.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот