
Груевски: СДСМ лаже, мојата Влада изгради половина од патот Фариш – Дреново
Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, на Фејсбук реагира на објавата на СДСМ објави дека во нивно време завршила 90% од работите експресниот пат Фариш – Дреново. Нивната изјава ја нарече лага.
Препорачано
„Немам податок колку во оваа една година завршила актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но знам дека владата која јас ја предводев заврши околу 40-50 проценти од градежните работи, откако претходно 3-4 години макотрпно ги заврши сите подготовки за почеток на градбата: физибилити студија и разни елаборати, целосна урбанистичка документација, целосно проектирање на експресниот пат, долга процедура на аплицирање и добивање заем, и решавање на многу почетни проблеми кои вообичаено се јавуваат во вакви проекти особено на теренот. Овој експресен пат за првпат го ветивме во нашата програма и активно работевме. По смената на власта во 2017 година, имаше еден подолг застој на градежните работи од неколку години, во кој во сред градење имаше и нов тендер за градба, пред да продолжи градбата со прилично бавно темпо. Со лаги и нечесност сами се закопаа и ја загубија власта со катастрофална казна од страна на екекторатот. И уште тераат со истата матрица“, објави Груевски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5