Александра Грозданова
Проф. д-р Александра Грозданова / Фото: МИА

Грозданова: Граѓаните со дијабет, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања ќе имаат приоритет за вакцинација

Најголемата група на хронично болни кои ќе имаат приоритет за вакцинација се дијабет, хипертенизија, кардиоваскуларни заболувања, пулмоларни заболувања, информираше претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова.

– Препазливост треба да се има кај пациенти кои имаат алергиски реакции, автоимуни болести и кај тие пациенти треба да се направи консулатација со специјалист. Фајзеровата вакцина е една од најефикасните, претпазливост треба да имаат оние кои претходно имале развиено алергиска реакција на други лекови и оние со автоимуни болести. Веќе милионски дози од оваа вакцина беа дадени, и процентот на несакани реакции е минимален и вакцините се безбедни. Што се однесува до АстраЗенека, таа даде помали резултати кај повозарсните лица, но не од безбедносен аспект, туку во однос на заштита, рече Грозданова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот