
ГРК Тиквеш ќе брка минус четири за второ коло во ЕХФ Европскиот куп
Денеска во првиот натпревар од првото коло во ЕХФ Европскиот куп, ракометарите на Тиквеш на гости загубија од грчката Драма со 31:27.
Препорачано
После првото полувреме Тиквеш имаше само еден „минус негатива“ (14:13). Во првите 30 минута Тиквеш водеше егал меч, неколку пати го израмнуваше резултатот, така беше и на стартот од вториот дел.
При водство на Драма од 22:20, домашниот состав успеа да направи серија од 5:0, за „плус седум“ на семафорот. Возврати гостинот со низа од четири погодоци за 27:24 и така ги одржа своите шанси во овој двомеч за настап во следното коло.
Мартин Димовски беше најефикасен со шест голови, следен од Мартин Манасков со пет, а по четири запишаа Срѓан Мијатовиќ и Дарио Кофилоски.
На спротивната страна кај домаќините Николаис Критикос и Адам Пападопулос имаа по седум погодоци, а шест забележа Константинос Коционис.
Македонскиот претставник ќе се обиде на реваншот во салата „Јасмин“ во Кавадарци на 22 септември од 19.00 часот да обезбеди пласман во следната фаза. Инаку, ГРК Тиквеш доби вајлд карта за настап во ова натпреварување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5