Грета Тунберг во посета на Бих ФОТО: Klix.ba принтскрин

Грета Тунберг во ќелија со бубачки

Шведската активистка Грета Тунберг е во ужасна состојба во израелски затвор, според тврдењата изнесени во преписката меѓу шведското Министерство за надворешни работи и соработниците на активистката, објави Гардијан.

– Амбасадата успеала да се сретне со Грета. Таа информирала дека е дехидрирана. Не добивала доволно вода или храна“, се вели во е-пошта испратена од министерството до луѓе блиски до Тунберг.

Таа, исто така, пријавила дека добила осип, за кој се сомнева дека е предизвикан од креветни бубачки.

-Грета зборуваше за грубото ракување и рече дека долго време седела на тврди површини – беше дополнително наведено.

Активистите приведени оваа недела од флота се наоѓаат во затворот Кециот во Негев.

Израелската затворска служба, Израелските одбранбени сили и израелското Министерство за надворешни работи не одговорија на барањето на Гардијан за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот