
ВИДЕО | Грците не сакаат прекувремена работа, денеска штрајкуваат морнари, таксисти, лекари, студенти
Штрајкот, што ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 часовно работно време, бараат повлекување на одредбите за уредување на работното време и негово намалување, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.
Грција денеска е без железнички и бродски сообраќај поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот и во приватниот сектор.
Препорачано
Штрајкот, што ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 часовно работно време, бараат повлекување на одредбите за уредување на работното време и негово намалување, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.
Бродовите останаa на пристаништата, возовите не се поместија од пероните. Единствено нема проблеми во воздушниот сообраќај со оглед на тоа што закажаниот штрајк на контролорите на летање, надлежниот суд го прогласи за незаконски.
Атина денеска е без такси превоз, поради учеството на такси возачите во штрајкот, а проблеми има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што метрото, автобусите, трамваите и тролејбусите ќе сообраќаат само неколку часа.
Во штрајкот учествуваат синдикатите на вработените во државните болници, студентски здруженија и организации, просветните работници организирани од нивниот синдикат, па затворени беа и некои училишта.
На протести излегоа и државни службеници, здравствени работници, морнари, таксисти, студенти…