Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Граничниот премин „Богородица“ повторно отворен за сообраќај

Граничниот премин „Богородица“ е повторно отворен и функционира нормално, информира министерството за внатрешни работи (МВР). Преминот денеска беше привремено затворен поради пожар на грчката страна од границата. Во гаснење на пожарот интервенирале 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

До нормализирање на сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, возилата се пренасочуваа на граничниот премин „Дојран“. На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот