Граѓанската платформа „Бугарско лето“ предлага споменик на Васил Левски во Македонија за потиснување на „штетниот македонизам“

Бугарската граѓанската платформа „Бугарско лето“ излезе со иницијатива да се изгради споменик на Васил Левски во Македонија, ја пренесува агенцијата Фокус информацијата од Платформата.

Во отворено писмо до институциите и медиумите, „Бугарско лето“ го изразува ставот дека е редно властите на Република Бугарија да ги преземат неопходните активности и да побараат 150-годишнината од смртта на, како што го нареклуваат, апостолот на слободата, да биде одбележана со изградба на споменик на Васил Левски на територијата на РСМ.

„На ваквата иницијатива мора да се пристапи не само одлучно, туку и крајно внимателно. Поставувањето споменик на Васил Левски во Република Северна Македонија нужно мора да биде придружено со објаснувачка кампања меѓу граѓаните на РСМ. Мора да им биде објаснето каква значајна личност бил Васил Левски, и како, и покрај неговата младост, развил исклучителна државничка визија. Визија во која има „…целосна слобода на нашата земја онаму каде што живее Бугаринот – во Бугарија, Тракија, Македонија…“, велат од „Бугарско лето“.

Како што велат од Платформата, „само така Бугарија ќе може да постигне успех во потиснувањето на штетниот македонизам“.

„И нека биде јасно – тој е штетен не само за нашата земја, туку и за Република Северна Македонија на патот кон Европа по кој тргна“, додаваат оттаму.

Во иницијативата уште велат дека „без сомневање познавањето на делото на Апостолот на слободата многу би помогнало во осознавањето на уште многу македонски Бугари“, повикувајќи се на случајот со Христијан Пендиков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот